Застапникот на тв правата во Македонија на Discovery и Eurosport со писмо до гледачите кои ја следат тв програмата преку операторите Оне.Вип и Македонски Телеком.
Оттаму објаснуваат дека од 1-ви јануари, претплатниците на Оне.Вип и Македонски Телеком немаат пристап до каналите на Discovery со своите претставителни брендови како што се Discovery каналот, TLC, Investigation Discovery. Понатаму, Еуроспорт 1 и Еуроспорт 2 исто така не се повеќе достапни на гледачите на Оне.Вип и Македонски Телеком.

И покрај нашата отвореност и добра волја за преговори, мораме да признаеме дека сме изненадени и воедно разочарани, од фактот што двата оператори симултано ја донеле одлуката да ја прекинат нашата долготрајна соработка и воедно да ги лишат гледачите со драстичен и ограничен пристап, со остранување на глобално најгледаниот број 1 спортски канал, вели застапникот.

Македонските гледачи нема да имаат повеќе пристап на најголемите светски спортски настани кои се прикажуваа на Еуроспорт, како што е Бундес лига, следната сезона на Гранд Слем, првата од многуте Олимписки игри во февруари која е комплетно покриена од страна на спортските канали: Dicovery платформата прикажува одлични шоуа како што се: Running Wild with Bear Grylls, Wheeler Dealers, Gold Rush, како и шоута кои наскоро ќе се прикажуваат: Tesla’s Death Ray: A Murder Declassified; TLC’s Cake Boss, Say Yes to the Dress, My Big Fat Fabulous Life.

Ги охрабруваме нашите фанови да ги комуницираат своите ТВ провајдери и да ги изнесат своите желби да се вратат на емитување Discovery каналите, TLC, Investigation Discovery, Еуроспорт 1 како и Еусроспорт 2. Во меѓувреме ја продолжуваме нашата долга соработка со Телекабел како и остананати регионални оператори во Македонија, кои остануваат да го прикажуваат портфолиото на Discovery каналите на своите платформи, се наведува во дописот.

Се додава дека преносот во живо на Еуроспорт е достапен во секое време, на секое место на самата Eurosport Player платформа, на линкот www.eurosportplayer.com