Bo Заводот за кардиологија Свети Стефан – Охрид, денеака, ќе се промовира и официјално ќе се воведе нова процедура за третирање на комплексни запушувања на срцевите крвни садови (стенози) кои имаат масивни кациумски депозид во ѕидот.
Се работи за методата Ротаблација при што се користи посебна апартура за таа намена и специфично дизајнирани ротаблациони кактетри кои се воведуваат преку водилна коронарна жица и вршат еден вид на вртлозно бушење ма запушувањата овозможувајќи отворање на крвниот сад, а потоа и поставување на стентови. Тоа е скапа процедура која се применува само во помал број на центри кои имаат голем волумен на работа и од страна на искусни и добро тренирани интервентни кардиолози. Во Македонија се изведува само уште на Клиниката за Кардиологија во Скопје. Стапката на утлизација на методата е околу 5 до 7 % од сите запушувања на срцевите артерии.
Како надополна на оваа метода во Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид веќе четврта година се изведува и интраваскуларен ултразвук со кој може да се евалуира резултатот од стентирањето на ваквите комплексни запушувања и се овозможува отпимизација на резултатите со дополнителни балон дилатации во стентовите или поставување на дополнителни стентови доколку се работи за компликации од процедурата.
OhridNews











