Во понеделник, 24-ти април, во хотелот Ројал Вју, во организација на Здружението за заштита на животните и животната средина „ЕДЕН“ ќе се одржи завршен настан во рамки на проектот „Заштита на природата во НП Галичица: бајка или реалност“ поддржан преку ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации.
– На настанот ќе се презентираат резултатите од проектот, а Ајман Ал Малла, раководител на Сектор за животна средина во општина Ресен, ќе ја сподели и успешната приказна на општината која преку добро владеење стабилно чекори по патот на одржливиот развој, информираат од здружението.
Освен на овие две теми, ќе се дискутира и за исходот од состанокот на граѓанскиот сектор со реактивната мисија на УНЕСКО.
Досега, во рамки на проектот се спроведоа четири консултативни средби. Три од нив беа со засебни категории чинители – граѓани, граѓански организации и институции, а на последната консултативна средба беа поканети сите чинители заедно.
OhridNews












