По одиграни 16 кола училишната лига во мал фудбал влезе во својата завршница. По денес одиграните полуфинални средби познати се финалистите. Во големото финале училиштето Наум Охридски следната недела ќе ја брани титулата птотив Братство и Единство.

Екипите на основните училишта Братство и Единство и Свети Наум Охридски од Пештани ќе играат во финалето на училишната лига во мал фудбал. Во првиот натпревар, актуелниот бранител на титулата, екипата на основното училиште Св.Наум Охридски со убедливи 3-0 ги совлада своите врсници од основното училиште Христо Узунов.
Во вториот натпревар,спротивно од очекувањата тимот на О.У. Братство и Единство, инаку четврто пласиран во регуларниот дел од сезоната, го елиминира најдобриот тим од основниот дел, училиштето Григор Прличев и спречи реприза на минатогодишното големо финале. Победата на Братство и Единство од 2-0 е извојувана благодарение на одличната тактичака игра теренот.
Финалниот натпревар помеѓу основните училишта Свети Наум Охридски и Братство Единство ќе се одигра во четврток со почеток во 18 часот, во предигра на финалето во борба за третото место ќе се сретнат поразените од денешните полуфиналиња екипите на ОУ Григор Прличев и Христо Узунов.

Ненад Цветанов