Со огномет и осветлувањето на гимназијата „Св. Климент Охридски“ и свечена програма што се одржа по повод патрниот празник, се означи крај  на реконструкцијата на овој објект во кој се вложени 160 илјади долари.



Градежните работи започнаа веднаш по завршувањето на минатата школска година со средства што ги обезбедија локалната самоуправа, Светска банка и Министерството за образование.

Со изградбата на подпокривот гимназијата го доби својот изглед од пред 1936 година кога беше опожарена.

Коментарот на присутните беше едногласен: “ни се разубај гимназијава“.