Историскиот филм „Збогување со кралицата“ на Беноа Жако, ќе го отвори 5-от Фестивал на францускиот филм, што годинава ќе се одржи од 30-ти јуни до 5-ти јули во Охрид.

На фестивалот ќе бидат прикажани девет долгометражни дванаесет краткометражни филмови од најновата француска кинематографија.

Наградата за животно дело годинава ќе му биде доделена на режисерот Жак Дојон, кој ќе биде почесен гостин на фестивалот.  Ќе гостуваат и режисерите Ева Јонеско, Артур Шелтон, Лејла Фреже, актерите Елоди Навар, Пјер Клуе, Абрахам Белага.

Филмовите кои ќе бидат прокажани во конкуренција за награди ќе ги оценува тричлено жири, со кое ќе претседава македонскиот режисер Антонио Митриќески.

Деталите за петтото издание на Фестивалот на француски филм, беа соопштени денеска на прес конференција во Скопје.

OhridNews