Подигнување на свеста и знаењето за еколошката и социјалната отпорност во екосистемите на сливот на Охридското Езеро против климатските и економските промени, преку регионална и прекугранична соработка и размена на искуства на различни нивоа – во согласност со Европските зелени договори и Балканската зелена агенда за одржлив развој, подигнување на нивото на зелени и одржливи економски активности преку туристичката понуда во проектниот регион, како и подготовка на нацрт-план со насоки за управување со еко-туризмот и создавање производи и услуги за екотуризам се целите на проектот „Зелена кохезија и одржлив туризам во сливот на Охридското Езеро”.

Главна цел на проектот беше да придонесе за регионална и прекугранична соработка и да ја зајакне регионалната кохезија во регионот на WB6, преку промовирање на инвестиции во човечки и социјален капитал што помага да се мобилизираат ресурсите во регионите за да одговорат на постојано менување на околината, поттикнувајќи иновативна деловна средина и поддршка. Ова е целосно во согласност со целите дефинирани во Иницијативата за Западен Балкан 6 (позната и како Берлински процес), Софиската Декларација за зелената агенда за Западен Балкан и Европскиот зелен договор, велат од здружението ОРТЕТ.
Во текот на изминатите 4 месеци беа реализирани низа проектни активности со финансиска поддршка на Фондот на Западен Балкан и Европската Унија, а во рамките на програмата за поддршка на граѓанските организации преку регионални активности CN 2021/424879. Во рамките на завршниот настан на 24 и 25 септември се презентираа резултатите на проектот од страна на партнерските организации и се воспоставија успешни партнерства за иден одржлив развој на руралните области на регионот на Охридското Eзеро.
Во склоп на проектот изработени се анализа на климатски промени и способност за климатски отпор во проектниот регион Охрид – Дебарца-Поградец, водич со основните параметри на балканската зелена агенда, компаративна анализа (бенчмаркинг) на туристичката понуда во проектниот регион споредена со анализи и искуства на европски и регионални високо развиени туристички дестинации на алтернативен (рурален, еко, гастрономски..) туризам, спроведени се теренски и онлајн анализи на состојби, потенцијали и можности за иден развој и изработен е водич со основните правци за развој на руралниот туризам во регионот, додаваат од здружението ОРТЕТ.
OhridNews










