На 6-ти септември се случи најголемата сончева бура во последните 12 години, соопшти НАСА. Сонцето исфрли огромен факел со X зраци кој предизвика пречки во радио и другите комуникации, мобилната телефонија и електричните уреди на Земјата. Големата сончева бура го погоди и регионот на Балканот.

Сончевата бура од 6-ти септември е најголема по таа во 2005 година со јачина од Х17. Најголемата сончева бура која некогаш се случила е регистрирана во април 2001 со јачина од X20. X класата е мерка за најинтензивно сончево зрачење.

Јачината на последната сончева бура била Х 9.3, на која и претходела уште една со јачина од X2.2, која се случила три часа порано. Двете експлозии на сонцето биле регистрирани од обсерваториите на НАСА на Земјата.

OhridNews