Според податоците на Европско- медитеранскиот сеизмолошки центар, утрово во 8 часот регистриран е земјотрес со јачина од 2.7 степени на 9 километри северо-источно од Охрид, односно на 6 километри југо-источно од селото Косел. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 2 килемтри.
Во текот на ноќта, во 2 часот регистриран бил уште еден земјотрес со јачина од 3.4 степени, со епицентар на 9 километри источно од Охрид. Епицентарот бил на длабочина од 5 километри.
OhridNews












