Екипата на Палермо во која се промовираа како добри и квалитетни фудбалери македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски не постои повеќе, откако клубот замина под стечај и згасна после 32 години постоење.

Финансиската нестабиланост си го направи своето и речиси на сред сезона клубот од Сицилија прогласи банкрот. Минатата сезона, Палермо се избори за пласман во плејофот за влез во Серија А, но не му беше дозволено да игра поради проневери и малверзации. Клубот беше казнет и префрлен во Серија Д поради неспортски игри надвор од теренот.

Префрлувањето еден ранг подолу значеше заминување на сите фудбалер вклучувајќи ги Несторовски и Трајкоски. Несторовски во Палермо пристигна во 2016 година од хрватскиот клуб Интер Запрешиќ, додека Трајковски екипата од Сицилија ја засили една сезона претходно од белгискиот клуб Зулте Варегем.

Несторовски кариерата после Палермо ја продолжи во Удинезе и остана во Серија А, а Трајковски се пресели во Мајорка.

OhridNews