Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во април 2015 година, во споредба со март 2015 година, е зголемен за 0,1%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата ноќевања за 0,3%.

Индексот на цените на угостителските услуги во април 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,6%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- април 2015 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0,3%, додека во однос на декември 2014 година е зголемен за 0,2%.

OhridNews