– Јасно е дека зад оваа еколошка катастрофа стојат бизнис интереси и токму затоа прашуваме: дали ова е вовед во најавената урбанизација на западниот дел од ридот кај Плаошник. Многу е цинично кога Владата вели дека треба да се прават акции од типот на Засади ја својата иднина, а истовремено овде некој планира да си ја засади сопствената иднина преку продажба на плацеви и изградба на згради, рече Жерновски.
Тој потенцира дека приоритет на Либерално демократската партија е да се спречи дивеењето кај Плаошник, но и почитување на Законот за води.
– Од особено значење е Охридското езеро да добие концесионер. Засега езерото нема стопан, па затоа секој прави што сака со него, рече Жерновски.










