Струшката Полициска станица поднесе кривична пријава против 29-годишо лице од село Долна Белица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудије при тепачка или караница“.  

На 20ти јуни, во 14.15 часот на автобуска постојка на улицата „15 корпус“ во Струга пријавениот се доближил до патничко комбе кое сообраќало на редовната линија Лабуништа –Струга, од кое во тој момент се симнувале патници и со тупаница во пределот на главата го удрил 34-годишниот возач на комбето, нанесувајќи му телесна повреда.

Веднаш потоа, од продавница во непосредна близина на постојката, пријавениот одзел кујнски нож по што повторно се упатил кон патничкото комбе. Притоа, лицето забележало полициски службеник кој се движел кон комбето и го фрлил ножот зад себе. Веднаш бил приведен, ножот подигнат и одземен, а повредениот бил пренесен во општата болница во Струга.

OhridNews