Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба на дрва“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 38-годишно лице од струшкото село Радолишта.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пријавениот, во  периодот од 21-ви април до први мај оваа година, од месноста „Мартинов кутел“ во атарот на селото Вишни, противправно одзел околу 30 метри просторни огревно дрво даб и бука, исечени и наместени за дотур.

OhridNews