Жителите од стариот дел на градот упатуваат апел до сопствениците на пловните објекти истите да ги отстранат од брегот кај плажата „Сараиште“ за да може единствената слободна плажа во центарот на Охрид да се уреди.

Плажата „Сараиште“ изминатите години градот ја „поднови“ со нов песок, а беа поставени и канти за отпадоци и клупи за седење. На плажата беа поставени две туш кабини и соблекувални за капачите. 

Жителите од стариот дел на градот реагираат и на сообраќајниот хаос во овој дел од Охрид, за што како што велат, во голема мера придонесува градежната механизација која иако туристичката сезона е почната се уште интензивно работи во Варош.

OhridNews