Возачите на сите моторни возила кои учествуваат во сообраќајот покрај стандардната резервна опрема од денеска задолжително треба да поседуваат и пропишана зимска опрема.

Возилата треба да имаат зимски гуми или синџири за погонските тркала, додека автобусите и другите товарни возила задолжително треба да поседуваат уште и лопата и подметачи. МВР потсетува дека на возилата не смеат да се поставуваат пневматици со клинци.

Законската одредба за задолжително поседување зимска опрема важи до 15 март 2008 година.

Македонија пат ги информира возачите дека од вчера забранет е за сообраќај патниот правец Р-504, на планината Галичица, во двата правци. Истиот не е влезен во оперативната програма за одржување и нема да биде третиран во зимскиот период.

Г.М.