На 12-от Меѓународен натпревар во подготовка на јадења од риба, што неодамна се одржа во Ниш, Србија ученичката во трета година Анастасија Чутрова освои златен медал во категоријата: сениори, јадење од риба.

Исто така, Чутрова беше дел од тимот на македонската aсоцијација на готвачи и шефови на кујни – ГастроМак, кој ја освои престижната Гран-при награда како севкупен победник на натпреварот.

Во различни категории, меѓу кои и филетирање риба, рибина чорба и рибин паприкаш ученичката успеа да го импресионира интернационалното жири со својата вештина и гастрономски финеси во подготовките на овој вид храна.

OhridNews