Охридскиот херој Марко Пејчиноски, кој на 12 години минатото лето го преплива Охридското Езеро, со овации беше поздравен од публиката во арената „Борис Трајковски“ на доделувањето на наградите  на манифестацијата „Златна Буба мара“, што се одржа синоќа.

Заблагодарувајќи се за наградата, Марко најави дека подготвува нов подвиг кој ќе го посвети на лицата со ретки болести.

За Марко Пејчиноски ова е уште едно големо признание за големиот подвиг. Претходно град Охрид му додели Свети Климентова повелба, а порталот OhridNews признание за подвиг на годината.

OhridNews