Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 4.284 тестови, а регистрирани се 99 нови случаи со КОВИД-19 од кои 13 реинфекции, тројца починати и 148 оздравени пациенти. соопшти Министерството за здравство.

Од трите починати лица, две се од Скопје (71г и 88г) и едно починато лице од Прилеп (39г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се регистрирани две починати лица од Радовиш (88г) и Кичево (55г). Едно лице е починато во домашни услови и едно во болнички услови, а регистрирани се во период од 23.03 до 30.03.2022.

Од 99 новозаболени од Скопје се 54, Битола – 23, Штип – 6, Тетово, Велес, Охрид и Кичево – по 3, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија и Радовиш – по 1.

Од 148 оздравени пациенти од Скопје се 80, Битола – 26, Велес и Гостивар – по 7, Кавадарци – 5, Штип – 4, Охрид и Гевгелија – по 3, Куманово, Кочани, Струга и Неготино – по 2, Струмица, Ресен, Делчево, Виница и Пробиштип – 1.

Во моментов во Охрид има 22 активни случаи.

OhridNews