Слободата на медиумите во Македонија е сериозно загрозена, изјави пртседателот на Здружението на новинари на Македонија Насер Селмани, на прес конференцијата оо повод 3-ти Мај, денот на слободата на медиумите.

-Место слободни имаме контролирани медиуми, кои место на јавноста, служат на интересите на владејачките парии и на сопствениците на медиумите, кои ги користат медиумите како средство за пропаганда за зачувување на власта и за правење пари. Медиумите се жртвувани од одредени уредници и новинари, кои заради ситни интереси газат врз новинарската етика и достоинство претварајќи се во пропагандисти. Освен тоа, продолжуваат притисоците, заканите и заплашувањата од власта за да се замолчат новинарите. Еден новинар е осуден на казна затвор, друг се бара со потерница за шпиунажа, трети се казнуваат со високи казни за нарушена чест на политичари, а на останатите им се упатуваат смртни закани.-рече Селмани,

ЗНМ побара нова истрага за загинувањето на новинарот Никола Младенов за да се расчистат сите сомнежи околу случајот.

-Македонските институции треба да формираат мешовита независна комисијата, која ќе води нова истрага со цел да ги отфрли или потврди сомневањата во јавноста дека новинарот Никола Младенов не загинал во сообраќајна несреќа, туку дека врз него бил извршен атентат.- рече Селмани.

Според него состојбата со медиумите во Македонија може да се подобри ако постои политичка волја од власта, посочувајќи дека е потребна радикална реформа на медиумскиот систем.

-Врховниот суд да ја укине пресудата на Апелациониот суд за новинарот Томислав Кежаровски осуден со две и пол години завор за наводно откривање на заштитен сведок. Освен тоа, Врховниот суд треба да ја укине и пресудата на Апелација, со која новинарите на Фокус, Јадарнка Костова и Владо Апосотолов им е наложено да исплатат околу 9 илјади евра како наматеријална штета и судски и други трошоци, за ваводна клевета на директорот на УБК, Сашо Мијалков. Со укинувањето на овие апсурдни пресуди ќе се задоволи правдата и ќе се поврати изгубената доверба на граѓаните во македонското судство. Ако Врховниот суд не ги укине овие пресуди тие ќе паднат пред Европскиот суд за човекови права во Стразбург.Јавното обвинителство треба да го повлече обвинението против новинарот Зоран Божиновски за наводна шпиунажа, која за нас е неоснована-додаде Селмани.

Тој побара да престане корупцијата на македонските медиуми со државни пари и стопирање на сите владини кампањи на неодредено време се додека не се најде решешение за трошењето на јавни пари во медиуми, а Македонската радио телевизија да се департизира и деполитизира.

OhridNews