Здружение на новинарите на Македонија на политичките партии и коалиции кои учествуваат на предвремените избори им достави на потпишување декларација со која се обврзуваат на конкретни мерки како да се подобри состојбата на медиумите на Македонија.
ЗНМ смета дека медиумскиот систем во Македонија е во сериозна криза за што сведочат и последните два извештаи на Европската комисија и извештаите на реномирани невладини организации кои Македонија ја рангираат како делумно слободна земја во однос на слободата на печатот.
Во декларацијата се бара да престанат сите форми на притисок против медиумите, на почитување на законите и на декриминализација на клеветата и навредата. Освен тоа се бараат и измени и дополнувања на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.










