И покрај тешките услови за работа предизвикани од големото невреме проследено со обилни врнежи и грмотевици и самата конфигурација на теренот, екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид повеќе од 10 часа макотрпно работат на санација на големиот дефект кој попладнево настана под самоиловата тврдина, информира јавното претпријатие.
Екипите ќе работат и во текот на ноќта, но доколку се влошат условите за работа односно е загрозена безбедноста на работниците, интервенцијата ќе продолжи во раните утрински часови, соопшти ЈП Водовод.
OhriNews












