Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци.
Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентрирано. Ја имаме фаворитската улога и на домашен терен сакаме да ја оправдаме со добра игра, максимална ангажираност и освојување на нови бодови пред нашата публика, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Томислав Јагуриновски.
Натпреварот се игра во петок, 13 ноември, со почеток во 19:30 часот во салата „Билјанини извори“.
OhridNews











