Додека социјалните мрежи “горат” од непроверени снимки и драматични наслови за немирите на Блискиот Исток вистинската слика за Дубаи доаѓа од оние кои беа таму во клучните моменти. Наш гостин е искусниот туристички водич од Охрид Љупчо Јузмески, кој се најде во Обединетите Арапски Емирати токму за време на неодамнешниот напад.

Како изгледа реалноста кога ќе се исклучат филтрите на сензационализмот? Колку е тенка линијата меѓу стравот и фактичката состојба на терен? Во новото издание на “Напладне”п рогнозираме и каква ќе биде сезоната кај нас и кои се проблемите со кои се соочуваат домашните туристички водичи.

Емисијата премиерно ќе се емитува денеска со почеток во 12 часот.

Туристичкиот водич Љупчо Јузмески во „Напладне“ сведочи за случувањата на Блискиот Исток и последиците врз туризмот

OhridNews