Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 50 оздравени пациенти. Од нив 16 се од Скопје, 10 од Куманово, Прилеп 6, Тетово 15, Велес 1, Крива Паланка 1, Валандово 1.

Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1. Досега во земјата се направени вкупно 22255 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни. Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје на возраст од 78 години примен на 7 мај и пациент од Тетово на возраст од 77 години, на болничко лекување од 14 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1839, бројката на оздравени пациенти е 1351, на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382.

OhridNews