Спроведени акции на повеќе локации за одржување на јавната чистота од страна на екипите на ЈП Охридски Комуналец.

Подигнат е расфрлан ситен комунален отпад и одржување на јавната чистота на јавните површини во туристичката населба Свети Стефан и плажата Горица 3, а спроведено е и генерално чистење на улица „Железничка“, информираат од претпријатието.

Додаваат дека извршено е и вонредно чистење на градскиот кеј на потегот од пристаништето до Холандски Парк.

OhridNews