Петта победа во серија за кошаркарите на АМАК СП кои во транс го играат вториот дел од сезоната. Успеваа струмичани во неколку наврати да се извлечат, но токму во нивниот “Парк“  охриѓании им го наненсоа вториот пораз во вториот натпревар во продолжението на сезоната за егал 2-2 (89-94). На пет кола пред крајот “езерџиите“ се наоѓат на третото место со бод повеќе од Пелистер и Работнички.

Кавадарчани не знаат за доста. По освоениот куп – трофеј, лесно преживеаа кај незгодниот МЗТ ФОН (78-100)  кој го претрпе третиот пораз во серија на домашен терен . По Пелистер, Струмица и Фени си замина од Јане Сандански со цел плен.

Малку недостигаше
Соколите да стигнат до првата победа во втората фаза на првенството.
Само благодарение на големото искуство “црвено – црните“ ги “легнаа“
гостите од Карпош (82-76), и ги задржаа теоретските шанси за пласман во
разигрувањето.

Цехот за лошите резултати на Битолски Пелистер го плати тренрот Перишиќ кој од вчера не е повеќе тренер на “зелената“ клупа. Двата порази во серија АМАК СП и Работнички (71-87) и бледото издание во купот значеа “излез“ за српскиот стратег . До крајот на сезоната од клупата битолчани ќе ги водат тренерскиот тандем Печалов Созовски кои беа во стручниот штаб на Перишиќ.

Најдобар стрелец во ова коло е Џарид Фрај кој го броеше до 30 против Струмичани. Латовиќ со 25 поени на истиот натпревар му парираше на американецот. Квинтет играчи со по 21 поени ги завршија мечевите во ова коло Мираковски (Раб), Петровски и Живковиќ (МЗТ), Ѓуров и Кол (Фени).

По 11 скока има Мариќ (Раб) односно Нури (КС), додека најдобар асситент во ова коло е Нури со 10 асс.

МВП (најкосирен играч) на колото е Едис Нури кој стигна до еден редок учинок во нашата лига. Кошаркарот на Соколи имашее трипл дабл учинок на гостувањето во малата сала во Кале. Нури постигна 15 п, 11 ск и 10 асс.

наредно 10 коло
25 март (вторник)

ФЕНИ ИНДУСТРИ – ВАРДАР ОСИГУРУВАЊЕ (Кавадарци, сала “Јасмин“ – 19.00 часот)
Судии: Југослав Диковски, Тони Ангелов, Горан Бошковски. Делегат: Илија Божиновски.

26 март (среда)

АМАК СП – МЗТ ФОН УНИВЕРЗИТЕТ СКОПЈЕ (Охрид, сала “Билјанини Извори“ – 18.15 часот – МТВ преност)
Судии: Александар Милојевиќ, Игор Митровски, Сашко Терзиевски. Делегат: Ѓорѓи Пиперков.

КАРПОШ СОКОЛИ 2000 – СВИССЛИОН ПЕЛИСТЕР (Скопје, сала “Градски парк“ – 16.00 часот)
Судии: Александар Павлов, Роберт Митровски, Раде Јанков. Делегат: Александар Караманов.

ФЕРШПЕД РАБОТНИЧКИ – СТРУМИЦА 2005 (Скопје, сала “Градски парк“ – 19.00 часот)
Судии: Марјан Стојовски, Петар Денковски, Александар Сарџовски. Делегат: Владимир Макревски.