Фудбалерот на Барселона, Ансу Фати, ќе мора уште еднаш да го оперира коленото. Новинарот, Фернандо Посо, открил дека претходните три операции не го решиле проблемот што го има со менискусот.

Фати, се повреди на натпреварот со Бетис, на 7.ноември минатата година.

Посо, објави дека е можно менискустот да му биде отстранет, бидејќи обидите да биде излечен се покажале како неуспешни.

По новата операција Фати ќе паузира околу два месеци. Во клубот се надеваат дека тој ќе биде подготвен за почетокот на наредната сезона.

OhridNews