Без победник и со поделба на бодовите 2-2 (1-0) заврши градската пресметка помеѓу Челси – Арсенал на Стемфорд Бриџ во рамките од 24-та рунда во Премиер лигата.

Дербито во Лондон беше содржајно. Имаше атомски фудбал, четири голови, безброј дуели и еден црвен картон. Челси во 28-та минута поведе со голот на Жоржињо од пенал, а со играч помалку остана Арсенал откако исклучен беше Давид Луиз. Играчкиот дефицит не ги поколеба „гостите“, кои, успеаја да израмнат во 63-та минута преку Габриел Мартинели. Цезар Аспликуета во 84-та минута се погрижи за нова радост на Стемфрод Бриџ погодувајќи за 2-1. Сепак, радоста кратко траеше бидејќи три минути подоцна Хектор Белерини реализираше за 2-2 и го постави конечниот резултат.

Резултати:

Бурнмаут – Брајтон 3-1

Астон Вила – Ватфорд 2-1

Кристал Палас – Саутемптон 0-2

Евертон – Њукасл 2-2

Шефилд – Манчестер Сити 0-1

Челси – Арсенал 2-2

Табела: Ливерпул 64, Мен Сити 51, Лестер 45, Челси 40, Мен Ју 34, Вулверхемптон 34..

OhridNews