ИКАР, Интернационална комисија за алпинско спасување е светска мрежа за планинско спасување која пренесува искуства. Гебхард Барбиш, претседател на комисијата за терестријално спасување при ИКАР, деновиве беше во неофицијална посета на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид и Здружението за планинско спсување АСКЛЕПИЈ од Скопје. Се разговараше за подобрување на организирањето на спасителните служби во земјава, по теркот на светските искуства, како што е формирање на – Национален сојуз за планинско спасување.
ИКАР може да помогне да се решат проблеми во земја членка која презема искуство од други земји да се решат на најдобар можен начин на кој е потребно. Ние не сме организација која ќе дојде во Македонија и ќе ви рече ова мора да го направите на овој начин. Ние може да им објасниме, имаме модели од Швајцарија, од Австрија, од Америка, од Хрватска, одберете го најдобриот за вас, вели Барбиш.

Тоа единствено се постигнува ако работите заедно, заедно тренирате, поминувате време заедно во место како ова, што значи имате дом, база каде може да се среќавате, да тренирате, да правите скара заедно ако е потребно. Ова е многу важно – домашна база, потенцира Барбиш.

Многу е значајна и поддршката од страна на државните и локалните власти, за ефикасноста на системот за планинско спасување, додава Барбиш.
OhridNews













