Актуелниот првак во Шпанија, Барселона се раздели со Ернесто Валверде. Каталонците, доцна вечерва ја лиферуваа информацијата за отказот на Валверде кој две и пол години беше предводник на екипата.

Барселона избегна било какви шпекулации за наследник, бидејќи уште вечерва го назначија Кике Сетијен за нов тренер. Официјалната презентација на новиот тренер ќе биде утре. 61-годишниот стратег од Шпанија има искуство од Примера дивизион водејќи ги Бетис и  Лас Палмас.

Валверде ги преживеа елиминации во последните две години во ЛШ само поради титулите во Ла Лига, но оваа година клубот остана без пласман во финалето и трофејот во Супер купот, а екипата не игра на посакуваното ниво иако е во самиот врв во шпанскиот фудбал.

OhridNews