Базиликата „Саграда фамилија“, заштитниот знак на Барселона, дизајнирана од каталонскиот архитект Антони Гауди, доби градежна дозвола од властите по цели 137 години. Спектакуларната недовршена црква која во 2005 година беше вклучена во Листата на светското културно наследство на УНЕСКО, годишно ја посетуваат повеќе од четири милиони луѓе.

Нејзината изградба започнала во 1882 година, а во 1926 година, кога Гауди умрел, не била завршена ни една четвртина од целокупниот зафат.

Во 2016 година, властите во Шпанија утврдија дека за оваа базилика никогаш не била издадена планска дозвола, што значи дека повеќе од еден век постоела без градежна дозвола.

Градежната дозвола за „Саграда фамилија“ важи до 2026 година, кога ќе се навршат 100 години од смртта на Гауди. Се проценува дека изградбата на единствената незавршена црква во светот ќе чини околу 374 милиони евра.

OhridNews

Макфакс