На 24.07.2026 во 00:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „Прва Mакедонска ударна бригада“ во Охрид, 15-годишен малолетник од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот и неговата 17-годишна сопатничка од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.

На 23.07.2026 во 21:57 часот на регионалниот пат Охрид – Струга, во близина на струшкото село Мислешево, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 38-годишно лице од струшкото село Драслајца.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Мицубиши“ со струшки регистарски ознако, кое го правувал и притоа кај него констатирале 1,92 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и по насока на јавен обвинител одземено му е возилото. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило“.

На 23.07.2026 во 10:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на автопатот во изградба Кичево-Охрид, помеѓу кичевските села Извор и Попоец, 25-годишно лице од Индија, кој работел на изградба на автопатот, управувајќи товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел со возилото.

Тој со медицинско возило е пренесен во Општа болница во Кичево, а увид на местото на настанот извршија полициски екипи. ОВР Кичево во соработка со јавен обвинител и други надлежни институции работи на целосно расчистување на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews