На 14.08.2026 година во 09:40 часот полициски службеници од СВР Охрид од слобода лишиле 34-годишна жена од охридско село.

Таа според претходна пријава во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 72 годишна свекрва. По целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.

На 14.08.2026 на различни локации во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа две лица, 23-годишно од Р. Србија и 25-годишно од Скопје.

Кај едното лице е пронајдена бела прашкаста материја додека другото лице е затекнато додека конзумира марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews