Тенисерката Кејти Болтер, деновите во карантин поради пандемијата на коронавирусот ги поминува во тренирање и прифаќање на одредени предизвици од спортистите. Најголемо внимание привлече предизвикот жонглирање со тоалетна хартија во кој не се прослави Британката. Започна добро и направи неколку пати но крајот и беше „фателен“ бидејќи ја погоди мајка си која го снимаше „фудбалскиот предизвик“.

23-годишната тенисерка нема некој забележителен успех во текот на кариерата и моментално се наоѓа на 449-та позиција на ВТА листата.

OhridNews