Со денешниот прв собир македонските ракометни репрезентивци означија почеток на мундијалската мисија. „Црвено жолтите“ ќе бидат дел од 26-то Светското првенство кое од 10 до 27 јануари ќе се одржи во Германија и Данска.

На собирит недостастуваа селекторот Раул Гонзалес, асистентот и тренер на Вардар, Гарсија Парондо кои се отсутни поради божиќните празници и Борко Ристовски, Филип Талески и Филип Лазаров кои се уште имаат клупски обврски. Подготовките ги започна кондициониот тренер Кристијан Кајчески, а селекторот и помошникот ќе се приклучат утре кога ќе започнат тактиките и техничките подготовки.

Македонија со подмладена селекција ќе се престави на Мундијалот, што значи дека репрезентацијата ќе има нова слика. Подготовките шпанскиот стручњак ќе ги започне со 22 ракометари, а од нив ќе треба уште шест да отпаднат.

Во текот на подготовките Македонија ќе одигра две контролни средби со Србија на домашен терен во Скопје. Првата на 4 јануари од отворен, а втората на 5 јануари со затворен карактер.

„Црвено жолтите“ во групата на СП се наоѓаат со Бахреин, Јапонија, Шпанија, Исланд и Хрватска. Мечевите нашите репрезентативци ги започнуваат на 11 јануари против Јапонија.

OhridNews

Фото: Гол.мк