Новата сезона во ракометната Суперлига започнува со дерби во Охрид. ГРК Охрид вечерва во СЦ „Билјанини Извори“ го пречекува Еурофарм Пелистер. Натпреварот започнува во 19 часот.

Охридските „гладијатори“ во новото првенство влегуваат со високи амбиции и значително изменет состав, а уште на стартот ги очекува еден од најтешките предизвици, дуел со актуелниот вицешампион.

Во пресрет на дербито, Мартин Ивановски посочи дека екипата е подготвена за предизвикот и дека поддршката од охридската публика ќе биде исклучително важна во обидот сезоната да се отвори со позитивен резултат.

Сметам дека одбраната ќе биде клучен фактор.  Кој ќе одигра подобра одбрана и ќе постигне повеќе брзи голови ќе биде поблиску до победа# посочи Ивановски.

За ГРК Охрид ова ќе биде втор голем официјален натпревар во само неколку дена. Во Суперкупот на Македонија, одигран во Гевгелија, охриѓани во крајно неизвесен натпревар беа минимално поразени од Вардар со 32:31.

Вечерашното дерби со Пелистер е нов сериозен тест за тимот на Борис Ројевиќ, кој сезонава ќе атакува на самиот врв на македонскиот ракомет.

Г.М.