Приготвената зимница е нераскинлив дел од македонската традиционална кујна. Сезоната на зимници е во полн ек. Некои ја прават, други купуваат готова, но едно е сигурно охриѓани без неа не можат.

Анкетата што за сопствени потреби изминатата седмица ја спроведе OhridNews, покажува дека најголем број од граѓаните, 52%, приготвуваат зимница бидејќи домашно си е домашно, 24% не прават зимница бидејќи се скапи намирниците, додека 23 % купуваат готова.

Најкарактеристичен за подготовка во македонската кујна е безвременскиот ајвар. Цената на пиперките на градскиот пазар се движи  од 50 до 70 денари за килограм, додека низ маркетите достигнува цена и од 90 денари.

Во однос на цените на другиот зеленчук на пазарот, за килограм краставици или морков треба да одвоите од 50-60 ден. Патиџаните, сега, достигнуваат ценат за килограм и до 100 ден., брокулата 60 ден., додека зелката чини 30 ден., а карфиолот 40 ден.

Во маркетите, пак, цената на пиперките се движи околу 90 денари за килограм, патлиџаните над 100 денари, додека цената на краставиците е иста како и на пазар. Килограм зелка во еден од нашите маркети може да се најде и по цена од 25 денари.

Кога станува збор за купување веќе подготвен ајвар, лутеници, кисели краставички или зелка, цената низ маркетите на ајварот се движи од 99 денари, 192 ден., 256 ден., 259 ден., 325 ден., 369 ден., па се 415 денари за околу 600 грама.

Лутеницата може да се најде по цена од 129 денари до 265 денари, додека киселата зелка 199 денари за 1700 грама. Кисели краставички може да се купат и по цена од 99 денари.

Н.С.Ј.