Претседателот на САД Доналд Трамп (74) и неговата сопруга Меланија се позитивни на коронавирусот Ковид 19 и се во карантин, објавија светските агенции. Тие биле тестирани откако заразата била потврдена кај советничката на претседателот Хоуп Хикс.

Веднаш почнуваме со карантин и опоравување. Ќе го пребродиме ова заедно. – порача Трамп на Твиитер.

Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија

Хикс редовно патува со претседателот на САД со службениот авион. Заедно со останатиот помошен персонал во вторникот го придружувала Трамп во Охајо, а во средата во Минесота.

Тестот на на Хоуп е позитивен. Поминувам многу време со неа, а исто и мојата сопруга, таа е неверојатна. –  изјави Трамп за „Фокс њуз“.

Како што пренесуваат американските медиуми, Трамп кој редовно се тестирал, последните недели имал густ распоред поради предизборната кампања и присуствува на собири на кои учествуваат илјадници луѓе, и покрај предупредувањата на лекарите.

Трамп е силно критикуван заради односот кон пандемијата од коронавирусот од која до сега во САД починаа над 200.000 луѓе.

OhridNews