Демонстранти вечерва се собраа пред српското Собрание. Како што јавува Блиц, тие го пробиле полицискиот кордон и упаднале во холот на Собранието, но биле одбиени од полицијата.

Српските медиуми пренесуваат дека причина за демонстраците се најавите на српскиот претседател Александар Вучиќ за прогласување полициски час претстојниот викенд поради влошената ситуација со коронавирусот.

Г. М.

Извор: Блиц