Во последното деноноќие во државава имало 16 пожари на отворено од кои шест се уште се евидентирани како активни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Заради настапувањето на ноќта, а и заради локализирање при гаснењето, непристапен терен и немање опасност по луѓе, на крајот од денот вчера силите што биле ангажирани за гаснење на таквите пожари се повлечени од терен и од утрово ќе догасат, таму каде што треба и се може, информира ЦУК.
Од ЦУК апелираат да не се пали вегетација на отворено, редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив.
OhridNews
фото. Архива












