Во последните 24 часа регистрирани се 89 нови случаи на КОВИД-19 од кои 20 се реинфекции. Бројот на активни случаи изнесува 634. Во изминатото деноноќие пријавено е едно починато лице, соопшти Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира се направени 1.221 тестирање и оти од регистриранините 89 нови случаи на КОВИД-19, 59 се од Скопје, седум од Битола, четири од Кавадарци, по три во Охрид и Делчево, по два во Куманово, Прилеп, Штип и Берово и по еден во Гостивар, Струмица, Кочани, Гевгелија и Демир Хисар.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 20 реинфекции и 87 оздравени пациенти од кои од Скопје се 30, Битола – 26, Охрид – шест, Прилеп и Ресен – по четири, Штип и Кичево – по три, Гевгелија и Велес – по два, Куманово, Берово, Струмица, Дебар, Валандово, Богданци и Кратово – по еден.

Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје (85). Лицето починало во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје (70). Лицето починало во домашни условина 30 април 2022 година.