Минатогодишниот финалист во куп натпреварувањето во футсал лигата Хедис не ја преживеа првата елиминациска рунда од ова натпреварување. Скопјани беа совладани од Ројал Илиритет со 9-5 и се збогуваа од настапите во купот.


Бранителот Железарец славеше кај Шкендија со 12-7, додека пеналите ги одлучуваа победниците во дуелите Црна Река – Мал Ајакс и Алгомак – Гемиџии. Најубедливи беа охриѓани кои им сервираа “десетка“ на Велес.


По серијата малери кои ги имавме во првенството ги консолидиравме нашите редови и забележавме висока и убедлива победа. Откако не успеавме да избориме влез во плеј офот, наша желба е финалето од купот – вели Боге Бимбилоски кој три пати ја затресе мрежата на Велес.

Со мечевите од првата рунда од купот спуштена е завесата во календарската 2010 година. Првенствените натпревари во Плеј оф и Плеј аут лигите продолжуваат кон крајот на јануари.


Резултати:
Ројал Илирет – Хедис  9-5,
Биџо – Елита 6-1,
Куманово 1903 – Винеам 7-2,
Црна Река – Мал Ајакс 4-4 (на пенали победи Мал Ајакс),
Алгомак – Гемиџии  6-6  ( на пенали победи екипата на Гемиџии),
СЕЕ – Илинден 12-4,
Охрид  1921 – Велес  10-3,
Шкендија – Железарец 7-12