Пилотот на Ред Бул, Себастијан Фетел се врати во игра за титулата откако фуриозно триумфираше на “Сузука“ за големата награда на Јапонија.

По освојувањето на пол позицијата Фетел покажа дека ќе има потполна доминација во Јапонија, втор на целта пристигна бразилецот Филепе Маса додека тројката на пиедесталот ја комплетираше Кобијаши.

Лидерот во генаралниот пласман шпанецот Фернандо Алонсо се откажа од трката по сударот со Раиконен во првиот круг од трката.

Пилотот на Ферари, Алонсо со 194 поени со 190 на втората позиција е Фетел. По нив следуваат Раиконен со 157 и Хамилтон 152.

Мх.П.