Новопечениот македонски репрезентативец Бајрам Фетаи новата година ќе ја дочека како слободен  фудбалер. Договорот кој го имаше со данскиот Нордсјалден му исткува на 31 декември и тој непречено може да си бара нова средина. Фетаи поголемиот дел од својата кариера го мина играјќи во Данска, играјќи за Силкеборг и Нордсјалден каде и ја стекна најголемата афирмација.


Би сакал да се обидам во нова лига, но каде се уште не знам, сакам да променам и да заминам на југ, Италија, Шпанија, но исто така Германија и Швајцарија доаѓаат во предвид . Не верувам дека ќе останам во Данска  – вели Фетаи.

Фетаи во данскиот тим помина четири сезони одигра 110 натпревари постигнувајќи 22 гола. Мината сезона го остварија најголемиот успех во клубот откако го освоија купот во Данска, победувајќи го Митјиланд со 2-0 во продолженијата, напаѓачот беше стрелец на вториот гол.

Фетаи неодмана дебитираше за македонскиот национален тим и според селекторот Јонуз е еден од фудбалерите кои се наметнале за престојните квалификациски натпревари.

фото Емилио
М.П.