Македонскиот дефанзивец Николче Новески биеше прецизно во 85 минута за минимален триумф на Мајнц од 1-0 над Фортуна Дизелдорф. Победата го позиционираше Мајнц во средината на Бундеслигашката табела.

Баерн Минхем ја продолжи победничката низа совладувајќи го Хофенхајм со 2-0. Рибери беше творец на победата со головите во 19 и 47 минута од мечот.

Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани одигра половина час во поразот на Волфсбург на гостувањето кај Шалке со 3-0.

Резултати: Баерн Минхен – Хофенхајм 2-0, Фрајбург – Нирнберг 3-0, Гројтер Фурт – Хамбургер 0-1, Мајнц – Дизелдорф 1-0, Шалке – Волфсбург 3-0