Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски од јуни, ќе стане член на Магдебург. Веста на својата интернет страница ја потврди германскиот клуб кој се натпреварува во Бундес лигата.

  • Среќен сум што се договоривме со Кузмановски, кој е еден од најталентираните ракометари на својата позиција. Иако има само 22 години, тој веќе има големо меѓународно искуство од Лигата на шампионите и репрезентативните натпреварувања. Неколку клубови се интересираа за него, а задоволство е што не одбра нас. Му посакуваме добра настап на претстојното СП. Со нетрпение го очекуваме за новата сезона. – изјави за клупскиот сајт тренерот Бенет Вигерт.

Кузманоски со германскиот бундеслигаш соработка договори уште во 2017 година. Македонскиот репрезентативец се обврза на тригодишна верност.

OhridNews