Селекциите домаќини на 26-то Светско првенство во ракомет Германија и Данска имаа успешен почеток победувајќи на првите мечеви. „Панцирите“ славеа против обединетата Кореја (30-19), додека данците со убедливи 39-16 ја совлада селекцијата на Чиле.

 

 

На германските ракометари им беа потребни десеттина минути да го решат победникот, додека Данска со маестрален почеток уште на стартот ги реши дилемите и ги запиша првите бодови на табелата во групата.

Вториот ден (утре) од Мундијалот ќе биде исполнет со многу ракометни возбудувања, а ќе ги најави нашата репрезентација која во 15 часот и 30 минути ќе се сретне со Јапонија.

OhridNews