Охридскиот Сојуз на спортови ги информира сите придружни членки дека во вторник на 15-ти декември во големата сала на општина Охрид со почеток од 18.00 часот ќе се одржи годишно изборно собрание на Сојуз на спортови Охрид.


За таа цел, од Сојузот ги информираат сите членки да делегираат по двајца делегати во писмена форма заверени со печат од матичните здруженија и клубови.

Сите полномошна за делегати на собранието може да се достават во писмена форма во просториите на Сојузот на спортови Охрид во просториите на стар Гранит – кеј Македонија бб, или да се достават 30 минути пред почетокот на собранието. Само уредно овласетни делегати со полномошно ќе имаат право на глас.

Сите заинтересирани клубови и спортски здруженија кои немат регулирано статус на редовна членка на Сојуз на спортови Охрид тоа можат да го сторат до 12.12.2015 година во просториите на Сојуз на спортови.

Потребни документи за тоа се: решение за дејност спорт, решение за регистрација и одлука за овластено лице.

За сите дополнителни информации може да се информирате во просториите на Сојузот на спортови Охрид и кај техничкиот секретар на Сојузот – Радован Поповски.

Ohridnews