Емотивен, провокативен и незаборавен роман за тоа како љубиме,
ако се грижиме еден за друг и како сите избори што ги правиме
екнуваат низ наредните генерации.

Почнува со срцепарателна, незаменлива врска меѓу две деца без мајка во едно авганистанско село. На тригодишната Пари нејзиниот постар брат Абдула повеќе и е мајка отколку брат. На деседгодишниот Абдула малата Пари му е се. Она што им се случува ним- начините на кои тоа се одвива низ животите на многу други луѓе – е доказ за моралната сложеност на животот. Во еден повеќегенерациски сплет на настани меѓу родители и деца , браќа и сестри , негуватели и братучеди, Хосеини ги истражува многубројните начини на кои членовите од семејството се љубат, се почитуваат и се жртвуваат. Следејќи ги ликовите и разгранувањето на нивните животи од- од Кабул до Париз, од Санфранциско до малиот грчки оствров Тинос- приказната постепено се раширува на сите страни станувајќи емотивно се посложена и помоќна на секоја наредна страница.
Поттикнат од истите забележителни филозовски инстинкти кои ги направија “Ловец на змејови“ и “Илјада неверојатни сонца“ толку прекрасни и познати, романот “И планините одекнаа“ повторно покажува дека Халед Хосеини е роден раскажувач.
Рубриката „Книга“ е уредена во соработка со Градската библиотека „Григор Прличев“











